24 март 1999, НАТО го почна бомбардирањето на Југославија

НАТО алијансата предводена од САД започна со бомбардирање на СР Југославија со цел да изнудат повлекување на југословенската војска од Косово и Метохија и прекин на тамошниот конфликт.

Во бомбардирањето загинаа околу илјада југословенски војници и околу 500 цивили. Бомбардирани беа болници, мостови, фабрики, јавни згради и воени објекти, како и кинеската амбасада во Белград за која подоцна американскиот претседател Бил Клинтон изјави дека било грешка. Југословенската армија собори три авиони и два хеликоптера на НАТО, а зароби тројца нивни војници.

Бомбардирањето траеше до 10 јуни кога Слободан Милошевиќ прифати повлекување на војската од покраината Косово и Метохија.

Тоа беше прва воена интервенција на НАТО без одобрување од Советот за безбедност на ОН.