24 февруари 1525, Франција ја загубила војната со Светото Римско Царство
Во Битката кај Павија во Италија, армијата на Светото Римско Царство извојувала голема победа над Франција во чии редови имало 13 илјади загинати и повредени.
Во име на Хабсбуршкиот крал Карло V здружените војски на Светото Римско Царство ја распарчиле француската војска нанесувајќи ѝ огромни загуби. За Французите се бореле и 8 илјади швајцарски платеници и 9 илјади германско-италијански војници.
Со поразот Франција морала да се откаже од Миланското Војводство и од Бургундија, а Хабсбуршката династија го зацврстила своето владеење во Италија.