21 март 1963, затворен бил злогласниот Алкатраз
Федералниот затвор Алкатраз, во водите на Санфранцискиот Залив, на денешен ден го префрлил и последниот затвореник по што засекогаш ставил клуч на вратите.
До денес останува најпознат затвор во светот, а својот пик го имал во 50-тите години на минатиот век кога имал над 200 затвореници. Станал злогласен поради лошите услови за живот, како и невозможните шанси за бегство.
Се наоѓал на истоимениот остров од карпи во Санфранцискиот Залив каде тешките струи придонесувале бегството да е речиси невозможно. Дополнително, таму биле воведени првите детектори за метал, а затворениците биле под строга контрола и најголем дел од времето била форсирана комплетна тишина. Бил отворен на 11 август 1934, со капацитет од 312 затвореници. Најпознатот „станар“ бил Ал Капоне.
Вкупно 36 затвореници се обиделе да избегаат: 23 биле фатени, 6 биле затрелани, 2 се удавиле, додека 5 се водат како исчезнати со претпоставка дека се удавиле во немирните води.
Денес Алкатраз е популарна туристичка дестинација.