19 март 1903, последната акција на Гоце Делчев
На денешен ден во 1903 година македонскиот национален херој Гоце Делчев ја извршил својата последна акција пред да загине во Битката кај Баница.
Гоце имал намера да го разнесе мостот на реката Струма во Демирхисарско, но бидејќи бил добро обезбедуван, одбрал друга мета. Изборот паднал на мостот на реката Драматица во Драмско. Мостот бил успешно разнесен, како и дел од тунелот, а била прекината железничката линија и две телеграфски линии.
Потоа му пишал на Пејо Јаворов за сета акција во весникот „Слобода или смрт“ да ја прикаже како дело на Организацијата, а не како на чета. Во тие денови до Гоце стигнала веста дека во Солун се вратил Даме Груев, по што се упатил на средба со него.
Загинал на 3 мај истата година кога неговата чета била опколена од турски аскер во селото Баница.