14 февруари 1929, извршен Масакрот на Валентајн нарачан од Ал Капоне

Утрината околу 10:30 часот седуммина членови на ирско-американската Норт Сајд Генг биле убиени од луѓе на Ал Капоне во она што ќе стане познато како Масакрот на Валентајн.

Седуммината биле собрани во гаража кај Линколн Парк во Чикаго кога влегле четворица облечени како полицајци, ги наредиле кон ѕид и еден по еден ги стрелале.

Ирската мафија на чело со Џорџ Моран познат како Багс од северот на градот била во војна со италијанската мафија на Ал Капоне од југот за контрола на организираниот криминал за време на прохибицијата.

Извршителите никогаш не биле откриени.