12 февруари 1992, роден е фудбалерот Езџан Алиоски

Денеска еден од најдобрите македонските фудбалери го слави својот 28 роденден.

Езџан Алиоски е роден во Прилеп, а по потекло е од селото Црнилиште. Како мал со родителите се сели во Швајцарија каде фудбалската кариера ја почнува во Јанг Бојс. Игра за Шафхаузен и Лугано пред во 2017 да се пресели во Лидс Јунајтед каде настапува и денес.

Оригинално лев бек, стратегот Здењек Земан ги открива неговите напаѓачки квалитете во Лугано и го прекомандува како крило, а Џани враќа со 16 голови.

За Македонија прво играше за младинските репрезентации пред во 2013 да дебитира за сениорите против Велс на гости. Досега има 33 настапи и 5 голови.