11 февруари 1929, основана е папската држава Ватикан

Со потпишувањето на Латеранскиот договор меѓу папата Пие XI и Италија, основана е папската држава Ватикан.

Државата се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3.000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.

Историјата на Ватикан датира многу пред 1929 година. Во 754 година е формирана првата папска држава, а независноста ја губи илјада години подоцна, во 1870 кога со обединувањето на Италија целиот црковен имот е запленет од монархијата на чело со Виторио Емануеле II.

Ватикан е убедливо најмалата држава во светот.