10во12 – Изожба на дела мал формат на Костадин Батев во Струмица

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“, како дел од неформалниот тековен концепт-проект #ЅидНаУметноста, оваа сабота, 6 април 2024 година во 21 часот ќе ја отворат изложбата на дела мал формат насловена „10во12“ на ликовниот уметник Костадин Батев.

„Во овој избор насловен „10во12“ ќе видиме 12 дела изработени во мал формат изминативе 10 години. Тие претставуваат своевиден пресек на една декада творење на Костадин Батев и претставуваат целина од неколку засебни минијатури, графики и акварели кои коегзистираат и како засебни единки и како целина. Костадин Батев е познат на струмичката публика, неговото творештво е веќе дел од колективната меморија на струмичките колекционери и љубители на уметноста, тој како учесник на Меѓународната ликовната колонија и со своја самостојна изложба веќе ги има претставувано своите сликарските светогледи пред своите сограѓани. Големиот формат кој е вообичаена работна површина за одомаќинување на разновидните претстави од имагинативниот свет на Батев се импозантни, неговиот стил на сликање е автентичен, не само во рамките на македонската ликовна сцена, туку и пошироко.

Во овие дела мал формат, внимателно одбрана селекција за изложбата „10во12“, имаме уникатна прилика да го погледнеме, доживееме и препознаеме интимното илустрирање на внатрешните карпатести пречекорување, премостувања на Батев, метаморфозирање на емотивната потреба од преобмислување и редефинирање на спознаеното, тивок божествен восклик, но и деконструирање на традиционалните доживувања на формата, специфична фигуративност облеана со силен колорит, жестоки движења при создавањето и сурови и груби, но сепак маркантни потези кои симболизираат сигурност при формирањето на неговите ликовни светови.“ – ќе напише во освртот кој изложбата „Колоритна бура од емоции или премрежја во космосот“, вели Митко Гогов од „Контекст“.

Костадин Батев е роден 1979 година во Струмица. Средно учулиште завршил во УПУ „Лазар Личеновски“ – Скопје во 1997 година, а во 2004-та година дипломира на ФЛУ, отсек сликарство со графички дизајн во класата на проф. Вело Ташовски.  Член на ДЛУС од 2000-та година, а зад себе има 6 самостојни изложби и голем број групни изложби и ликовни колонии.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе