1 април 1700, Англичаните го популаризирале Денот на шегата
За почеток на традицијата на Први април се смета годината 1700 кога англиските шегаџии почнале масовно низ народните маси да си прават шеги и трикови едни на други.
Сепак, постојат пишани докази дека уште векови претходно се славел ваков празник и тоа на истиот ден. Првиот опис на Први април се споменува во колекцијата приказни на Џефри Чосер од 1392 година, дело со наслов „The Canterbury Tales“.
Во 1508 година францускиот поет Елој д'Амервал денот го именувал како Poisson d'avril (буквално: априлска риба, во смисла на будала) што е прво спомнување на ваков ден во Франција. Во Средниот век градовите во Европа Новата година ја славеле на 25 март, а во некои делови на Франција празникот завршувал дури на 1 април. Оние кои Новата година ја славеле на 1 јануари ги зафркавале Французите чие славје завршувало на 1 април.