Зошто треба да јадете сушени сливи?

Сушеното овошје е најпопуларно во зима, но не само поради тоа што е вкусно. Сушените сливи имаат многу придобивки за вашето здравје.

Сливите се полни со хранливи состојки кои ги штитат коските и го подобруваат целокупното здравје на организмот.

Иако содржат количина на природен шеќер, сушените сливи се полни со влакна кои ја успоруваат апсорпцијата на шеќерот во крвта.

Со други зборови, не треба да се грижите за тоа дали сушеното овошје е лошо за нивото на шеќер во крвта, затоа што богатата количина на влакна се грижи за тоа.

Влакната кои се содржат во сушените сливи помагаат на дигестивниот систем.

Тие ја зголемуваат количината на корисните бактерии во цревата, што придонесува на губењето на вишокот килограми.

Само половина шолја од ова сушено овошје содржи 6 гр. влакна, што е одлично за вашиот организам.

Исто така содржат и други неопходни хранливи материи како што е калиум, кој помага за варење и регулирање на крвниот притисок, и витамини А, К, Б6  и нијацин.

Кога е во прашање здравјето на вашите мускули и коски, сушените сливи се одличен додаток во исхраната, затоа што содржат бор, минерал кој е неопходен за функционирање на коските и мускулите.

Едната студија покажа дека консумирањето на сушени сливи спречува губиток на коскена маса кај жените во менопауза.

Исто така, друго истражување покажа дека консумирањето на сливите го намалува негативниот ефект на зрачење на коскената маса, така што личностите кои се на овој вид на лечење, треба да додадат сливи во својата исхрана.

Сливите исто така се и сојузник за убавина. Спречуваат настанување на брчки и ситни линии на кожата.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе