Хардвер

Зошто не треба да го оставате вклучен рутерот цел цен?

24. октомври 2019 - 16:33 | А.С.

Кога размислувате за тоа кои се најголемите потрошувачи на струа во вашето домаќинство, најверојатно никогаш не ви паднал на памет рутерот за поврзување на интернет.

Меѓутоа, ако го оставате вклучен по цел ден ќе потроши струја колку еден просечен фрижидер, велат експертите на германската Агенција за заштита на животната средина.

Токму затоа треба да ја проверите енергетската ефикасност на рутерот пред да го купите, за да се уверите дека има најмала можна потрошувачка на струја кога е вклучен и во stand-by mode.

Енергетската ефикасност на рутерот е посебно важна ако не може да го исклучувате уредот во случај со него да се служи и телефонската линија.

Во тој случај се советува да побарате рутер што има опција за исклучување на Wi-Fi кога не го користите.