Земјотрес со јачина од 7,1 степени на границата меѓу Кина и Киргистан

Макфакс
/ 23.01.2024 / 08:40

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди граничната област меѓу Кина и Киргистан, предизвикувајќи неколку повредени лица и урнати куќи, јавија кинеските медиуми.

Според Кинеската управа за земјотреси, земјотресот се случил во 2:09 часот по локално време, а го погодил округот Вуши во северозападната кинеска област Синџиан, планинска погранична област.

Од 4 часот наутро во близина на епицентарот се регистрирани 14 последователни потреси со јачина од 3,0 до 5,3 степени, јавуваат кинеските медиуми.

URL

Поради земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот Синџиан е во прекин, а оштетени се 27 воза.

Кинеското Министерство за управување со вонредни состојби објави дека неколку оддели ги координираат напорите за помош, а на жителите им се обезбедени шатори, палта, јоргани, душеци, кревети на преклопување и печки за греење.

Во последните 24 часа Синџиан беше погоден од неколку земјотреси.

URL

Земјотресот е почувствуван и во Казахстан и Узбекистан. Жителите на најголемиот град во Казахстан, Алмати, излегоа од своите домови, некои од нив облечени во пижами, и се собраа надвор и покрај студеното време.

Во моментов нема извештаи за штети.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе