1.МФЛ 2023/2024

Заврши есенскиот дел во 1.МФЛ, мешаница на врвот и на дното

Филип Здравески
/ 10.12.2023 / 15:06

Со натпреварите од денешното 18-то коло се спушти завесата на есенскиот дел во најдобрата македонска фудбалска лига, со што домашниот фудбал замина на зимска пауза.

Фото: ФК Вардар

Бранителот Струга со гол во судиското надополнување дојде до бодовите дома против Брегалница и со тоа ќе презими на врвот. Веднаш зад нив е Шкупи кој славеше минимално во Струмица и во пролетниот дел ќе влезе со бод зад лидерот.

Трета со заостанување од 4 односно 3 бода е тетовска Шкендија, која денеска со победата над Силекс не им дозволи на кратовци да се доближат до третото место.

Ќе биде интересно и во борбата за опстанокот откако денеска Вардар запиша нова победа, овој пат над тиквешп, и дефинитивно фати приклучок. Од последните Вардар и Брегалница до петтиот Гостивар има разлика од само 7 бодови, што значи дека нè чека многу неизвесна борба за избегнување на испаѓање во втората лига.

Колото се отвори синоќа со натпреварот Гостивар - Македонија ЃП кој имаше контроверзна завршница по што клубот од населбата Ѓорче Петров јавно побара остави во Судиската организација.

Следува двомесечна зимска пауза по што пролетниот дел од сезоната ќе почне викендот на 17/18 февруари. За време на паузата клубовите ќе можат да се засилат во зимскиот трансфер период кој во Македонија ќе трае од 15 јануари до 11 февруари.

Резултати 18. коло:

Вардар - Тиквеш 2:0
23' Дарко Глишиќ, 87' Давид Велковски

Струга - Брегалница 2:1
12', 90'+2 Басиру Компаоре - 72' Виктор Велкоски

Воска Спорт - Работнички 3:2
40' Џемиљ Јахији, 46' Алекса Марушиќ, 87' Сикиру Олатунбосун - 53' Марселин Гандо, 84' Димитар Тодоровски

АП Брера Струмица - Шкупи 0:1
47' Кристијан Трапановски

Шкендија - Силекс 3:1
8', 61' Алмир Аганспахиќ, 90'+3 Еннур Тотре - 18' (п) Марко Ѓорѓиевски

Гостивар - Македонија ЃП 1:0
88' (п) Оланреваџу Кехинде

Табела:

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе