Загадениот воздух го зголемува ризикот од астма кај бебињата, сиромашните се особено ранливи

Истражување на американски лекари и научници покажа дека доенчињата и малите деца кои се изложени на загаден воздух имаат поголема веројатност да заболат од астма.

„Студијата што ја спроведовме покажа дека просечната количина на фини честички и просечното загадување на воздухот со азот диоксид во текот на првите три години од животот на децата се поврзани со појавата на астма во раното и средното детство“, се резултатите од студијата објавена од Американското здружение на лекари (AMA).

Истражувањето во кое соработуваа научници од Harvard T.H. Chan School of Public Health и Cincinnati Children's Hospital, укажува на тоа дека доенчињата од „малцинските и статусно пониските слоеви на општеството“ се соочуваат со поголем ризик од развој на оваа болест, што тие го припишуваат на намалениот пристап до почист воздух.

Бебињата од афроамериканските семејства кои живеат во „густо населени заедници кои се карактеризираат со намалени финансиски можности и ресурси“ би можеле да развијат астма, заклучи студијата објавена кон крајот на февруари.

Научниците ги повикаа локалните власти да вложат повеќе напори за намалување на загадувањето на воздухот и „да создадат поголема еколошка, образовна и здравствена правда на ниво на заедницата“.

Друга група научници неодамна укажа на поврзаноста помеѓу зголемената антимикробна отпорност и загадувањето на воздухот. Се покажа дека влијае на возачите и патниците кои остануваат во своите автомобили подолго отколку што се мислеше.

Претходните истражувања сугерираат дека на глобално ниво, приближно две третини од смртните случаи се поврзани со загадениот воздух во Азија, но нивоата на загаденост на воздухот во Европа и Северна Америка остануваат над нивоата што се сметаат за здрави.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе