Македонија
БУЏЕТ 2020

Заев-Ангеловска: Задолжувањето е за враќање стари кредити, а не за плати и пензии

12. ноември 2019 - 15:04 | МИА

Скопје, 12 ноември 2019 (МИА) – Следната година сите кредити што ќе ги земе државата се за враќање на претходно подигнати кредити и за покривање на дефицитот од 2,3 отсто. Нема да има задолжување за плати, пензии и социјални издатоци.

Ова го истакнаа премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата посветена на Буџетот за идната година, оценувајќи дека долгот е стабилизиран.

– Имаме буџет кој повлекува кредити за враќање на старите кредити и за реализација на капиталните инвестиции. Сѐ што ќе земе државата е заради враќање на кредити и покривање на дефицитот од 2,3 отсто. Сите кредити што ги земаме се за капитални инвестиции. За патотот Кичево-Охрид. За железницата каде очекуваме за втората фаза одлука, а да биде распишан тендерот за третата фаза. Продолжува и гасификацијата со одлично темпо. Зборуваме за водоводи, канализации, за локални патишта, за болниците, рече Заев, потеницирајќи дека нема ниту едно евро, ниту еден денар задолжување за плати, пензии, социјални издатоци и плати за јавни администрации.

Во следната година, како што рече министерката Ангеловска, доспеваат 439 милиони евра по основ на стари долгови. Тоа, како што појасни, е заем од Дојче банк гарантиран од Светска банка, за кој во јануари треба да се платат 155 милиони евра и друга голема отпалта која доспева во декември 2019 година од 178 милиони евра по основ на еврообрврзница издадена во 2015 година. Овие два заема што досепеваат се со каматна стапка од 3,9 и 4,9 отсто и дека е нормално да се очекува да се рефинансираат.

– Министерството за финансии во изминатите две години значително го подобри начинот на сервисирање на долгот преку зголемување на рочноста на домашните обврзници, а од друга страна имаме историски најповолни каматни стапки. Значи штедливо и одговорно е да враќаме со каматна стапка од 1,5 проценти, рече Ангеловска.

Таа потенцира дека дефицитот, кој изнесува 238 милиони евра, е вграден во јавниот долг, но оти најголем дел е враќање на стари долгови.

Ангеловска нагласи дека од објавените податоци може да се види дека е запрен галопирачкиот раст на јавниот долг, кој се очекува на крајот на годината да изнесува 49,4 отсто од БДП.

– Јавниот долг заклучно третиот квартал изнесува 47,7 отсто. Од оваа година е вклучен и негарантираниот долг што е 0,3 отсто. Во него влегува и државниот долг и долгот на база на влечење кредити и негарантиранито долг. До крајот на годината се очекува тој да биде 49,4 проценти, иако бил предвиден дека ќе биде 51,7 отсто. За наредната година, ќе има надолна ревизија и наместо предвиденот во фисклната стратегија 52,3 проценти, ќе изнесува од 50,5 до 51 отсто, посочи министерката.

За неа е најважно долговите да се вратат најодговорно и со најнизок трошок да биде сервисирана отплатата, како и да имаме контрола на зголемување на јавниот долг и тоа да биде за капитални проекти.

Според поатоци што ќе бидат објавени, министерката рече дека вкупнта отплата на долгот следната година ќе биде 438 милиони евра кон странство. Приливот од странство е предвиден на 558 милиони евра, во кој се вклучени заеми што ќе се влечат за развој на капитални проекти. Додека домашното задолжувње од хартии на вредност е околу 440 милиони евра, од кои ќе бидат отплатени 265 милиони евра.

Премиерот Заев, пак, потенцира дека се стабилизира долгот и дефицитот паѓа и дека паѓа севкупното дефицитарно финансирање на проектите.

– Имаме буџет кој повелкува кредити за враќање на скапите кредити и за реализација на капиталните инвестиции, рече премиерот.

Министерката оцени дека не може да се очекува да нема раст на долгот, затоа што сакаме да имаме капитални инвестиции и да вратиме стари долгови од 500 милиони евра што доспеваат.

– Не станува збор за намалување на долгот, туку за тоа како растел во изминатите години и дека сега зборуваме за еден, два, три процентни поени, а во рамки на тој јавен долг реализираме значајни проекти. Средствата се вложуваат за подобра инфратруктура, болници, училишта…, и ако тоа го имаме предвид не може да очекуваме сѐ наеднаш, туку зборуваме за стабилизација на растот на јавниот долг. Не зборуваме дека од утре може да кажеме дека го намалуваме јавниот долг, а ни доспеваат еврообврзници од 500 милиони евра, рече министерката.

Оценката на премиерот е дека не треба да има намалување на јавниот долг, оти тоа значи неуспешност на изградбата на капиталниот развој на државата.

– Ние во моментов имаме 46,7 отсто јавен долг во споредба со БДП. Сите земји од окружување Грција има 250, Србија 50… и не смееме да го ограничиме развојот на државата. Јас би го зголемил во 2020 и на 65 отсто ако знам дека веднаш ќе се реализира патот Скопје-Блаце, железницата Кичево-Лин, веднаш да заврши пругата Крива Паланка-бугарска граница, да се изгради гасифиакцијата, истакна премиерот.

На прес-конференцијата и премиерот и министерката потенцираа дека се стабилизира и дефицитот во Фондот на ПИОМ, посочувајќи дека во фондот има поголеми приходи кои дошле како резултат на зголемената вработеност, зголемување на придонесите и стабилизирање на пензискиот фонд.

– Директната поддршка од Буџетот на Фондот ќе биде 19,3 милијарди денари и има намалување во однос на 2018 година, а ќе има значајно зголемување на пензиите, рече министерката.

Премиерот појасни дека 2019 година е првата стабилизирачка година за трансфер од Буџетот во Фондот на ПИОМ.

– Секоја година пред 2018 годоина се зголемуваше трансферот од буџетот кон Фондот од 2 милијарди до 3 милијарди денари. Во 2018 година стигна кулминација од 19,48 милијарди денари префрлање пари од Буџетот во Фондот. Од 1 јануари почна стабилизацијата на буџетот на Фондот со новата мерка за згоелмување за 0,4 отсто на придонесите. Таа нова мерка овозможи 19,488 милијарди денари за трансфер на пари во Фондот и сега да имаме три милијарди денари за зголемување на пензиите, а сепак во Буџетот да имаме 19,346 милијарди денари, помалку за 152 милиони денари од 2018 година, појасни премиерот.

Според премиерот, не само што е стабилизиран, туку што во рамки на таа стабилизизација е вклучено и зголемувањето на пензиите.