Заборавете на Бредли Купер – Лејди Гага има нов дечко

Американската пејачка и бизнисменка Лејди Гага викендов беше фатена од папараците на магазинот People како се бакнува со Ден Хортон, монтажер на звук, на бранч во ресторан во Лос Анџелес.

Гага, која пред речиси шест месеци ја раскина свршувачката со Кристијан Карино, оттогаш ја поврзуваат со Бредли Купер, со кој играше во нејзиниот прв филм „A Star Is Born“, што Купер исто така и го режираше.

Гласините особено се засилија откако Купер раскина со девојката Ирина Шајк со која има ќерка.

Лејди Гага (33) беше опушена на состанокот во Granville со 37-годишниот Хортон и без криење се бакнаа неколку пати.