За гурмани: Ајдучка тепсија од срцето на Херцеговина

Рецептот за познатата ајдучка тепсија е создаден во срцето на Херцеговина. Овој гурмански специјалитет се подготвува со телешко и кромид, а нежно се динста во вино со зачини. Денес овој рецепт е малку заборавен, па ви предлагаме да го направите и да дознаете зошто ова јадење било толку популарно во минатото. Вака подготвеното телешко месо најдобро се служи со пекарски компир.

Потребни состојки:

  • 1,5 кг телешко месо
  • 1,5 кг кромид
  • 3 зелени пиперки
  • 2 китки магдонос
  • 7 чешниња лук
  • 300 мл бело вино
  • 150 мл вода
  • 3 лажици масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Парчето телешко месо зачинете го со сол и бибер, па исечете го на неколку места. Вметнете ги чешнињата лук во секој отвор. Потоа ставете го во глинена тава подмачкана со масло. Одозгора наредете го кромидот исечен на ребра.

Измешајте ги исечканите магдонос и пиперка во сад, а потоа добро зачинете со сол и бибер. Потоа истурете бело вино, масло и вода. Промешајте, а потоа со добиената маринада прелијте го месото.

Прво натопете го капакот од земјениот сад во ладна вода едно 10 минути, а потоа покријте го садот. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 1 час и 15 минути. Не отстранувајте го капакот за тоа време.

реклама

Рецепти

Наједноставен рецепт за мрзлива пита со вишни

Read more

Најдобриот рецепт за грчка компир салата

Read more

Тајната на најдобриот домашен леб се крие во една состојка

Read more

Направете фалафел, евтино јадење за целото семејство

Read more
 

Магазин

Популарна диета за 23% го намалува ризикот од прерана смрт

Читај повеќе
  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе