За една година уништена прашума со големина на Порторико

Во ноември беше достигнато највисокото ниво на уништување шуми во бразилска Амазонија откако во 2015 година почна да вршат такви мерења, покажуваат најновите податоци на бразилската Влада.

Во ноември беа уништени 563 квадратни километри од најголемата тропска шума во светот, што претставува зголемување за 103 проценти во однос на истиот месец минатата година, покажува истражувањето на Националниот институт за вселенски истражувања ИНПЕ.

Со тоа, вкупното уништување на шумите во периодот од јануари до ноември достигна 8.934 квадратни километри, што е 83 проценти повеќе отколку во истиот период во 2018 година и станува збор за област со големина на Порторико.

Податоците на ИНПЕ се собрани преку базата на податоци ДЕТЕР, систем што објавува аларми заради пожари и други закани по тропските шуми.

Процесот на уништување на шумите обично се забавува во ноември и декември за време на сезоната на дождови во Амазон. Минатиот месец, стапката на уништување на шумите беше невообичаено висока.

Истражувачи и активисти за заштита на животната средина го обвинија десничарскиот бразилски претседател Жаир Болсонаро за охрабрување на земјоделците и дрвосечачите да ги палат шумите, објаснувајќи го тоа со поттикнување развој во Амазонија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе