Xiaomi подготвува свој оперативен систем - MiOS

Сите се прашуваат што е MiOS и дали ќе го замени корисничкиот интерфејс MIUI на телефоните Xiaomi.

Според извештаите кои доаѓаат од Кина, Xiaomi ќе го замени корисничкиот интерфејс MIUI со нов оперативен систем наречен MiOS.

Корисничкиот интерфејс MIUI е срцето на Xiaomi. Станува збор за софтверско решение кое постоеше уште пред првиот смартфон на оваа компанија, достапен како ROM кој може да се инсталира на уреди на други производители и да понуди алтернативно искуство - и визуелно и функционално.

Меѓутоа, по 14 повторувања, некои извори тврдат дека нема да има 15-то, односно дека MIUI 15 ќе биде заменет со целосно нов оперативен систем MiOS. Овие тврдења во голема мера се засноваат на фактот што Xiaomi го регистрираше името и интернет доменот mios.cn во Кина, како и фактот дека веќе има достапни бета верзии на ова софтверско решение кои кружат на интернет.

Всушност, тоа е сè што знаеме за новиот софтвер, и сè повеќе од тоа е само шпекулација. Сепак, како што тврди веб-страницата Xiaomiui, изјавите дека нема да видиме MIUI 15 не се точни. Како доказ, оваа страница која исклучиво се занимава со теми поврзани со компанијата Xiaomi, објави фрагменти од нови ажурирања од официјалните сервери, кои се подготвуваат за телефони како што се Xiaomi 13, Xiaomi 13 Pro, Xiaomi 13 Ultra, Redmi K60 PRO и Mix Fold 3.

Сè уште е рано да се каже што е MiOS и за кои пазари е наменет, односно дали се работи за нов оперативен систем, сличен на Huawei HarmonyOS, или само ново име за MIUI.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе