Вучиќ и Курти се сретнаа во Брисел, ја усвоија Декларацијата за исчезнати лица

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти вчера на почетокот на средбата ја прифатија Декларацијата за исчезнати лица како дел од дијалогот за нормализација на односите.

„Заеднички се обврзуваме да работиме тесно заедно за да ги идентификуваме гробните места и да ги следиме ископувањата, да обезбедиме целосен пристап до веродостојни и точни информации за да помогнеме во лоцирање и идентификување на преостанатите исчезнати лица во временската рамка од 1 јануари 1998 година до 31 декември 2000 година“, се вели во декларацијата објавена од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Декларација за исчезнати лица

Двете страни го препознаваат прашањето за исчезнатите како хуманитарно прашање и се согласуваат за потребата од дополнителни напори за олеснување на ситуацијата за погодените семејства и пошироките заедници, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Од 6.056 лица кои исчезнаа на Косово во периодот од 1 јануари 1998 до 31 декември 2000 година, 1.621 случај сè уште остануваат нерешени, а овие лица сè уште се водат како исчезнати. Декларацијата веќе беше договорена претходно и сега е само формално прифатена.

Темата за формирање на ЗСО

Вучиќ и Курти денеска започнаа нова рунда разговори во рамки на дијалогот за нормализација на односите што се води под покровителство на ЕУ. Многу потешка тема што е на дневен ред е прашањето за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на северот на Косово (ЗСО). Првиот нацрт на статутот на ЗСО ќе им биде претставен на двете страни, по што ќе следи дискусија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, на 27 февруари по средбата меѓу Вучиќ и Курти во Брисел соопшти дека двете страни го прифатиле договорот за патот кон нормализација на односите. Следеше нова средба на 18 март во Охрид, каде според Борел е прифатен анексот на тој договор кој го претставува планот за имплементација на основниот договор. Но, ниту договорот, ниту анексот не се потпишани и двете страни различно го толкуваат.

Српската страна дава приоритет на формирање на ЗСО со српско мнозинство на северот на Косово, што е предвидено со договорот постигнат уште во 2013 година, додека Косово се обидува да ја спречи таа заедница да има извршни овластувања, нагласувајќи дека тие не сакаат нешто како Република Српска во Босна и Херцеговина на нивната територија.

Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак овојпат немаа најпрво одвоени средби со секој од лидерите, што беше обичај претходно, туку веднаш започнаа со трилатерална средба. Во зградата каде што се водат преговорите, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар се сретна со косовскиот премиер Абин Курти пред средбата меѓу двајцата лидери.

Вучиќ пред средбата со Курти: Сите великани на Запад се против нас

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе