Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и врз врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се прави тоа.

Арсовска одржа пред-конференција по повод пожарот во салата, каде што се осврна на изјавите на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“ што ја врши реконструкцијата, а беа дадени дента кога се случи пожарот.

Арсовска рече дека Град Скопје како сопственик не бил информиран за отпочнување на градежните активности, за кои зборува Костадиновска и праша, според изјавите на министерката, каде, кога и од кого е осигуран проектот, на која вредност и за кој случај на настанување на штета.

Градоначалничката искоментира и дека во оваа држава старите кабли се причина за сите пожари, по изјавата на Арсовски дека можно е пожарот да бил предизвикан од стар кабел или инсталација, истовремено прашувајќи од каде произлегле таквите сознанија.

Меѓу другото, Град Скопје побара и одговор зошто ако министерката осознала пред 9 часот за пожарот истото не го пријавила. Зошто работниците кои се обиделе самите да го гаснат пожарот не побарале помош, со оглед на тоа што во противпожарната бригада бил пријавен  дури во 9.50 од случаен минувач. Град Скопје бара одговор и каде избил пожарот, односно каде работниците почнале да го гаснат.

Одговор побара и на прашањето кој е управителот на градба во моментот на опожарување, врз основа на кој докумет или кој проект, како и кој е надзор на градба во моментот на опожарувањето.

Таа потсети дека по преземањето на функцијата, Град Скопје предупредил дека проектот не обезбедува безбедна изградба, но таквите информации за проекти од милиони евра, како што рече, не се пренесуваат, а поважни се куќарките на плоштадот или новогодишната елка.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе