Возење во најстарото Porsche

Ова е првиот Porsche автомобил со кој компанијата го започна почетокот на историјата на најпознатиот спортски автомобил. Крис Харис ја доби можноста за возење на неверојатниот Type 64.

Некои ќе речат дека личи на НЛО, некои дека не личи на Porsche, но сите ќе се сложат дека е посебен. Посебен е и поради фактот дека е првиот Porsche кој го означил стартот на денес славната компанија. Овој автомобил е посебен бидејќи го возеле Фердинанд Порше и неговиот син.

Денес спаѓа во редот на најзначајни автомобили од минатиот век, ги спојува VW Beetle и Porsche 356.