Возачот на „камионот на смртта“ се појави на суд преку видеолинк

Возачот на камионот во кој се пронајдени 39 тела, кој е обвинет за убиство и заговор за трговија со луѓе, се појави денеска пред британскиот суд преку видеолинк.

Возачот Морис Робинсон (25) пред судот во Челмсфорд преку видеолинк го потврди својот идентитет и адреса.

Тој е обвинет по 39 точки за убиство, заговор за трговија со луѓе, заговор за помош за незаконска миграција и за перење пари, соопшти полицијата.

Робинсон не поднесе барање за кауција, а во притвор ќе остане до 25 ноември кога ќе продолжи постапката во централниот кривичен суд во Лондон.

Тој е уапсен веднаш откако беа откриени 39 тела во камион-ладилник во средата, неколку километри од англиското пристаниште Парфлит.

Британската полиција првично соопшти дека жртвите најверојатно се државјани на Кина, но подоцна се појави информација дека се работи за луѓе од Виетнам.

Полицијата рече дека многу мал дел од жртвите имале документи за идентификација со себе и дека се работи на нивно идентификување преку отпечатоци на прсти, заби и ДНК примероци, како и со фотографии на роднини и пријатели.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе