Во сабота двомеч Македонија - Италија: Одбојката и фудбалот нема да се поклопат

Одлучено е натпреварот во Бари во рамките на одбојкарското Европско првенство да се игра од 18 часот, со што нема да се поклопи со вечерниот фудбалски спектакл во Скопје.

Спортските вљубеници можат да здивнат - саботната двојна пресметка на Македонија и Италија ќе биде во различен термин - за вистински спортски празник.

Прво од 18 часот во салата „ПалаФлорио“ во Бари светскиот и европски одбојкарски шампион и кодомаќин на тековното првенство, Италија, ќе ја пречека Македонија во осминафиналето од ЕвроВолеј 2023.

Македонските одбојкари по синоќешниот убедлив пораз со 3:0 од Чешка завршија на 4. место во групата Ц и со тоа налетаа на првопласираниот од групата А, велесилата Италија.

Капитенот Никола Ѓоргиев на Facebook потврди дека терминот е 18 часот.

Одбојкарите утрово полетаа со чартер лет за Бари.

Потоа од 20:45 часот в сабота следува нова пресметка меѓу Македонија и Италија, овој пат во фудбал. Во рамките на групата од квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје овој пат Италијанците ќе бидат гости.

Директен пренос од двете македонско-италијански пресметки ќе врши националниот сервис МРТ.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Останати спортови

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе