Свет

Во камп во Германија откриен синџир за детска порнографија

30. јануари 2019 - 13:04 | МИА
Детмолд, 30 јануари 2019 (МИА) – Речиси 20 деца, а можеби и многу повеќе, биле сексуално злоставувани во текот на 10 години во камп во централна Германија, поради што локалната полиција денеска подигна обвинение против тројца мажи.

Полицијата соопшти дека мажите ги злоставувале децата на возраст од четири до 13 години, создавајќи порнографски материјал во кампот. Полициски претставници посочија 23 засегнати деца, но изразија стравување дека списокот може да се прошири.

– Сè уште имаме многу работа пред нас, изјави шефот на истрагата, Гунар Вајс.

Трите осомничени лица, на возраст од 33, 48 и 56 години, се притворени. Иследниците обезбедиле 13.000 документи (14 терабајти) кои содржат детска порнографија.