Во Италија уапсени 50 луѓе поради Ндрангета, истрага и против политичари

МИА/КАЈГАНА
/ 21.01.2021 / 18:17

Италијанската полиција денеска уапси 50 луѓе и покрена истрага против истакнатиот политичар Лоренцо Џезе, во рамки на акцијата против моќната мафија Ндрангета.

– Истрагата јасно го открива она што го зборувавме со децении. Ндрангета помалку употребува оружје, но има сè повеќе врски со бизнисот и политиката, изјави обвинителот Никола Гратери, кој минатата недела го започна едно од најголемите судења во Италија.

Читајте следно: Историски процес: 350 мафијаши на Ндрангета изведени пред суд во Италија

Меѓу оние кои се под истрага е и Лоренцо Џеза, лидер на малата партија Унија на демохристијаните и центарот (УДЦ), кој минатата недела го привлече медиумското внимание откако ја одби понудата на премиерот Џузепе Конте да се приклучи на владејачката коалиција, која го загуби апсолутното мнозинство во Парламентот.

Гратери истакна дека Џеза е осомничен дека нудел бизнис договори за Ндрангета во замена за услуги.

Џеза, кој во Европскиот парламент ја застапува јужна Италија, ги отфрли обвинувањата, но рече дека ќе поднесе оставка од претседателската функција во партијата.

URL

Полицијата во Калабрија соопшти дека во текот на оваа акција извршила повеќе од 250.000 прислушкувања на телефони и тајни снимки кои помогнале да се покаже како припадниците на Ндрангета користеле повеќе водечки компании за перење пари и отворање лажни сметки за даночни измами.

На судењето, кое почна минатата недела, на обвинителна клупа се најдоа 355 осомничени  припадници на криминалната организација и нивни помагатели од светот на бизнисот и политиката.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе