ВМРО-ДПМНЕ: Двете години мандат на Ковачевски се изгубени за граѓаните

Двете години мандат на Димитар Ковачевски се целосно изгубени години за Македонија и за граѓаните. Неговото заминување од позицијата кај што беше октроиран е почетокот на крајот на владеењето на СДС и нивниот газда ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие две години беа години на порази и неуспеси. Два километра автопат не успеаја да завршат кон Блаце, а автопатот од Кичево кон Охрид заврши само со 'Стани Благој да те види сала'. Целиот мандат на Ковачевски беше обична фасада и гол пи-ар без суштина. Оваа фасада не успеа да го покрие фијаското со правосудството кое се распаѓа со доверба од едвај 2%. Од сите страни кипе криминал и корупција, а на врвот на оваа пирамида се наоѓаат функционерите на ДУИ и СДС. Впрочем, за сеприсутната корупција нотираше и последниот извештај на ЕК, кој е убедливо најлошиот кој го добила Македонија. Листата на скандали на оваа власт нема крај, Канцер мафија на Онкологија, Лoтарија+Груби, стотици милиони евра за коридори кои немаат ни лопата асфалт ставено, протести на пензионери за прв пат во историјата, убедливо најлош раст на БДП во регионот, мафијашки пресметки среде град, недостаток на учебници за учениците, штрајкови на здравствените работници, вработените во судовите, во администрацијата, рекордна инфлација која е двојно поголема од европскиот просек и што ли уште не“.

Според нив, сето ова покажува дека во Македонија со Ковачевски никогаш не било полошо.

„Затоа важно е СДС, ДУИ и Ковачевски да ги поразиме“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Македонија

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе