Владимир Путин: 20 години на власт низ фотографии

Пред 20 години рускиот претседател Борис Елцин го назначи неговиот четврти премиер во последните 18 месеци, Владимир Путин. Дотогаш, Путин беше релативно непознат шеф на обезбедувањето со оскудно искуство во политиката.

Малкумина можеа да предвидат дека две децении подоцна Путин сè уште ќе владее со Русија, со доминантна улога во светските настани. Но, годишнината доаѓа во време на несигурност, со оглед на тоа што економијата и животниот стандард на Русите е во тешка состојба. Guardian објави галерија од фотографии на кои можеме да видиме интересни моменти од животот на рускиот претседател.