Витаминот Ц помага да се одржи мускулната маса на постари години

А.С.
/ 01.04.2024 / 17:23

Како што старееме, мускулната маса, силата и функцијата полека се намалуваат, што може да доведе до состојба наречена саркопенија. Погодува повеќе од 50 милиони луѓе на возраст над 50 години ширум светот и придонесува за дијабетес тип 2, изнемоштеност, физичка попреченост и слаб квалитет на живот.

Во моментов, постојат ограничени решенија за третман на саркопенија, па затоа е пожелна рана интервенција, пред симптомите да станат премногу сериозни.

Повеќето истражувања се фокусирани на ефектот од зголемениот внес на протеини во превенција или третман на саркопенија. Но, многу малку студии ја истражувале важноста на витаминот Ц и губењето на масата и функцијата на скелетните мускули во средната и постара возраст, пишува Conversation.

Сепак, новото истражување покажува дека колку повеќе средовечни и постари луѓе консумираат витамин Ц, толку е поголема нивната коскена мускулна маса.

Витаминот Ц веќе е познато дека игра важна улога во здравјето на коските, но може да помогне и во одржување на силни мускули. Овој витамин го има во зеленчукот, компирот и овошјето.

Луѓето кои не ја вклучуваат оваа храна во нивната исхрана се изложени на ризик од недостаток на витамин Ц, што може да предизвика слабост, замор и кршливи коски. Во екстремни случаи, може да доведе до скорбут. Но, пред да се случи тоа, недоволното внесување на витамин Ц може да има други здравствени ефекти, вклучувајќи ги и нашите мускули.

Приближно две третини од вкупниот витамин Ц во нашето тело се наоѓа во скелетните или напречно-пругастите мускули. Се користи за создавање на карнитин, клучна супстанца која обезбедува енергија за работа на мускулите и колаген, кој е суштинска структурна компонента на мускулите.

Истражувањето ги разгледа податоците собрани од над 13.000 мажи и жени на возраст од 42 до 82 години. Истражувачите користеле анализа на биоелектрична импеданса - која испраќа мали електрични сигнали низ телото за да го пресмета процентот на вода и маснотии - за да го проценат процентот на скелетните мускули во телото.

Исто така, од учесниците се барало да водат евиденција за тоа што јаделе и пиеле седум дена за да може да се пресмета нивниот внес на витамин Ц. Потоа, истражувачите ги групирале луѓето според нивниот внес на витамин Ц, од низок до висок.

Витаминот Ц бил измерен и директно во нивната крв. Ова им овозможило да ги класифицираат луѓето според тоа дали добиваат доволно витамин Ц. Истражувачите земале предвид и други важни фактори како што се физичката активност на учесниците, протеините и внесот на енергија.

Тие откриле дека луѓето кои консумираат најголема количина на витамин Ц во нивната исхрана имаат најголема мускулна маса. Најголемата разлика е забележана кај жените: оние жени кои припаѓаат на највисоката категорија на конзумирање на витамин Ц имале три проценти поголема мускулна маса од оние во најниската категорија.

Резултатите исто така потврдија дека оние со доволно нивоа на витамин Ц во крвта имале поголема мускулна маса од оние со недоволно ниво на витамин Ц.

Истражувањето исто така откри дека речиси 60 отсто од мажите и 50 отсто од жените кои учествувале во истражувањето консумираат премалку витамин Ц, во споредба со препораките. Недостатокот на внесување овошје и зеленчук може да влијае на здравјето на мускулите.

Овие нови наоди се засноваат на концептот дека оптималната исхрана може да помогне да се намали падот на мускулната сила и функција.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе