Virgin Galactic ја претстави внатрешноста на Gateway to Space

Вселенската компанија Virgin Galactic ја претстави внатрешноста на вселенското пристаниште Gateway to Space , од која вселенските туристи наскоро ќе започнат со летовите на SpaceShipTwo.

Компанијата на Ричард Бренсон и Барт Рутан со ова порачуваат дека се подготвени за првите туристички „операции“ кои треба да започнат кон крајот на оваа година. На листата за чекање има 600 патници кои купија карта за вселенски лет. За неа одвоија 25.000 долари.

За тие пари ќе добијат престој во луксузното вселенско пристаниште, тридневен астронаутски тренинг и лет до висина малку помала од 100 километри, каде неколку минути ќе уживаат во бестежинска состојба.