Вин Дизел е опасен суперхерој во трејлерот за „Bloodshot“

Објавен е интернационалниот трејлер за филмот „Bloodshot“ со Вин Дизел во главната улога. Филмот е во режија на Дејв Вилсон, а покрај Дизел се појавуваат Гај Пирс и Ејза Гонзалез.

Вин Дизел претходно објави дека ликот на Реј Гарисон е еден од најкомплексните што ги играл. Станува збор за лик кој е војник, убиен и повторно оживеан како суперхеројот Бладшот. Во неговите вени наместо крв тече нанотехнологија поради која секоја негова повреда закрепнува и неговата сила е незапирлива. Со цел да биде контролиран од компанијата, неговата меморија е целосно избришана и тој се обидува да дознае кој е и во какво оружје е претворен.

Премиерата е закажана за 21 февруари 2020 година.