Вил Смит ги отпеа песните од најпопуларните ТВ серии

Познатиот актер и рапер, Вил Смит, гостуваше во шоуто на Џими Фалон и приреди вистинско шоу кога водителот го натера заедно да ги отпеат некои од најпознатите песни од американските ТВ серии. Секако, на репертоарот беше и „Fresh Prince of Bel Air“.

Вил Смит е редовен гостин кај Џими Фалон, а кога и да се појави, ја подига атмосферата со неговиот забавен карактер. Кога и да го фати микрофонот, го покажува неговиот музички талент, па таков беше и случајот за време на последното гостување.

Знаеме зошто го пуштате видеото, па затоа еве мала помош: песната од „Fresh Prince of Bel Air“ почнува на 2:40.