Стил

Victoria’s Secret за првпат ангажираа модел со облини за кампања

10. октомври 2019 - 14:30 | Б.С.Б.

По многубројните критики поради објективизација на женското тело и наметнување на идеално, Victoria’s Secret за првпат вработија plus size манекенка. Станува збор за Али Тејт Катлер, која на Instagram се пофали дека е првиот модел со облини во Victoria’s Secret.

Моделот Али Тејт Катлер е првиот полничок модел ангажиран од Victoria’s Secret за нивната нова кампања за долна облека во соработка со британскиот бренд Bluebella. Овој потег наиде на критики во јавноста, а според мислењето на луѓето, компанијата само ја прикрива вистината за слабите модели кои се дел од нивните ревии.

Но, Али не мисли така.

„Без оглед на тоа што сум прилично возбудена поради соработката со брендот кој го идеализирав во тинејџерските денови, сметам дека тоа е одличен чекор во вистинска насока“, смета таа.