Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Воздухопловните сили на САД успешно ја тестираа технологијата на вештачка интелигенција против човечки пилот на „ловец“.

Како што се наведува во соопштението на американската агенција DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency), борбениот авион контролиран од вештачка интелигенција одлично се снашол против леталото управувано од човек.

DARPA започна да експериментира со технологијата за вештачка интелигенција во декември 2022 година како дел од нивната програма ACE (Air Combat Evolution). Тие работеа на развој на систем за вештачка интелигенција што ќе може автономно да управува со борбен авион, притоа придржувајќи се до безбедносните протоколи.

По симулациите, DARPA го вметнува овој систем со вештачка интелигенција во експерименталниот авион X-62A, благодарение на што овој тест може да се одвива и во реалниот свет. Инаку, авионот полетал од база во Калифорнија.

Човечките пилоти можеа да го оневозможат системот за вештачка интелигенција, но DARPA рече дека тоа не било неопходно во секое време.

Авион X-62A управуван од вештачка интелигенција се борел против ловец F-16 управуван од човек и тие дошле на 610 метри еден од друг, летајќи побрзо од 1.930 км/час.

Интересно, DARPA не соопшти кој ја добил оваа битка, но велат дека тестот бил „успешен“ и дека досега завршиле 21 пробен лет.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе