Фудбал

Вечер УЕФА испишува историја: Жена ќе им суди на Ливерпул и Челси

14. август 2019 - 14:04 | Ф.З.

Французинката Стефани Фрапар ќе ја има честа да биде првата жена судија која делела правда на машки Суперкуп во рамките на УЕФА.

„Многу сум среќна, изборот за мене беше навистина изненадување. Не очекував да ми биде доделен Суперкупот. Ова е огромна чест за мене, но исто така и за жените судии. Се надевам дека ќе бидам пример за сите нив,  а малите девојчиња би ги исприрала да тргнат по мојот пат“, рече Фрапар за официјалната веб-страница на УЕФА.

Вечер во 21.00 часот во Истанбул силите ќе ги одмерат англиските ривали Ливерпул и Челси.

Претседателот на судискиот комитет при УЕФА, Италијанецот Роберто Розети има голема доверба во Французинката: „Во текот на изминативе години Стефани докажа дека е една од најдобрите судијки, не само во Европа туку и во светот“.

35-годишната Фрапар го судеше и финалето од женскиот Мундијал помеѓу САД и Холандија минатиот месец во Париз.