1.МФЛ 2023/2024

Вардар излезе од опасната зона, нов пораз на Работнички, кикс на Шкендија

Фудбалерите на Вардар со победата над Брегалница (2:0) излегоа од опасната зона. Во ова коло Шкендија испушти предност од два гола против Гостивар, АП Брера Струмица лесно славеше над фенерџијата Македонија ЃП, а Работнички доживеа пораз во Кавадарци.

Фото: ФК Вардар Скопје

Вардар, победата против Брегалница ја обезбеди во интервал од 180 секунди. Марјан Алтипармаковски во 21. минута погоди од пенал, а три минути подоцна Дарко Глишиќ го постави конечниот резултат.

Шкендија не успеа да го победи Гостивар и покрај тоа што со головите на Аденис Шаља имаше водство од 2:0. Нигериецот Ланре Кехинде намали во 86. минута, во 90-та Решат Рамадани доби црвен картон, а во надополнувањето Кехинде го постави конечниот резултат 2:2.

Тиквеш со головите на Роберчињу и Кристијан Стојкоски го победи Работнички со 2:0. АП Брера Струмица на домашен терен со три гола во првото полувреме ја победи Македонија ЃП, а Воска Спорт на дебито на новиот тренер Срѓан Захаривски одигра 0:0 против Силекс.

Резултати 20. коло:

Вардар – Брегалница 2:0
Шкендија - Гостивар 2:2
Тиквеш - Работнички 2:0
АП Брера Струмица - Македонија ЃП 3:0
Воска Спорт - Силекс 0:0
Струга - Шкупи 2:2 (вчера)

Табела:

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе