1.МФЛ

Вардар и Шкендија одиграа одлично дерби и ги поделија бодовите

Во големото дерби Вардар и Шкендија ремизираа играјќи 2:2 со што остана разликата од 8 бодови во корист на скопјани.

Првото полувреме мина во одлична и изедначена игра од двете страни. Младите вардарци беа поагилни, додека тетовчани со искуство знаеја како да одиграат. Прв поведе Вардар и тоа од белата точка откако Матеј Цветаноски беше фаулиран во казнетиот простор на гостите во 29-тата минута. Сигурен егзекутор беше Дарко Мицевски иако голманот Костадин Захов ја погоди страната.

Шкендија сепак дојде до израмнување само пет минути подоцна со голот на Омар Имери по едно невнимание во домашната одбрана.

Вториот дел почна со одлична шанса на гостите, но домаќините беа тие кои постигнаа гол. Контра во 53-тата минута која го однесе Али Адем сам пред Захов чија мрежа ја ладнокрвно затресе младиот вардарец.

Во 65-тата Бесарт Ибрами одлично се снајде во домашниот шестнаесетник и му асистираше на Имери кој со својот втор гол израмни на 2:2.

Сѐ на сѐ одлична фудбалска претстава кој го оправда епитетот дерби. Скопската публика дојде во солиден број, околу 5 илјади, а Комитите дополнително му дадоа шмек на дербито.

Во останатите натпревари Македонија ЃП благодарение на хет-трикот на Браџилецот Паду славеше во Чаир кај Шкупи. Работнички прокоцка водство од 1:3 кај Ренова и на крајот загуби, додека Борец првпат освои бод на гости играјќи 1:1 кај Струга.

Во единствениот натпревар кој беше на програмата синоќа, Силекс ѝ го нанесе петтиот сезонски пораз на Академија Пандев за која зимската пауза е повеќе од добредојдена со оглед на тоа што струмичани се во серија од 6 натпревари без победа и три последователни порази.

Следува зимска пауза од скоро два месеца бидејќи наредното 19-то коло ќе се игра викендот на 15 и 16 февруари 2020 година.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Вардар - Шкендија 2:2 (1:1)
Стрелци: 29' (п) Дарко Мицевски, 53' Али Адем - 34', 65' Омар Имери
Судија: Александар Ставрев (Скопје)

Стадион „Градски“ во Тетово
Ренова - Работнички 4:3 (1:2)
Стрелци: 27' (п) Арѓент Гафури, 60' Илирид Адеми, 62' Бојан Миовски, 76' Ремзифаик Селмани - 24' Иван Марковиќ, 37', 48' Петар Петковски
Судија: Албрим Шаќири (Струга)

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Струга - Борец 1:1 (0:0)
Стрелци: 60' Арбен Тафе - 46' Роберт Коцев
Судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи - Македонија ЃП 2:3 (0:2)
Стрелци: 49' Фатјон Јусуфи, 90' Марин Јурина - 3', 40', 62' Паду
Судија: Јосип Бартон (Скопје)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Академија Пандев 3:1 (1:0)
Стрелци: 42' Виктор Серафимовски, 61' Дарко Додев, 70' Срѓан Драшковиќ - 64' Даниел Миловановиќ
Судија: Константин Влахо (Скопје)

Табела на полусезона:
1. Вардар 36
2. Шкендија 28
3. Академија Пандев 27
4. Силекс 27
5. Македонија ЃП 26
6. Струга 24
7. Шкупи 22
8. Борец 20
9. Ренова 19
10. Работнички 15

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе