По тешкиот пораз дома од Кил, европскиот ракометен шампион реши да направи промена на тренерската позиција.
Шпанецот Давид Писонеро не е повеќе тренер на Вардар иако тој и натаму ќе остане со тимот бидејќи ќе ја врши улогата на помошник на новиот стратег.
Нов предводник на црвено-црните е Русинот Едуард Александрович Кокшаров кој е истотака селектор на репрезентацијата на Русија. Истовремено ќе продолжи да ја извршува и функцијата спортски директор во клубот.
Во интервју за Быстрый центр Кошкаров изјави дека се сретнал со претседателот Сергеј Самсоненко и разговарале за ситуацијата во клубот.
„Како што разбрав, смената на тренерот била веќе одлучена. Заклучивме дека потребно е време за да се најде вистинскиот кандидат. Во меѓувреме, претседателот предложи јас да го водам тимот“.
Тоа значи дека Кокшаров не е перманентно туку привремено решение. Останува прашањето колку време ќе го води тимот и дали ќе може истовремено да извршува три функции.