1.МФЛ 2023/2024

Вардар го доби скопското дерби со Работнички, Струга повторно лидер

Филип Здравески
/ 06.03.2024 / 16:40

Денешното вонредно 22. коло во најдобрата македонска фудбалска лига донесе интересни поместувања на табелата.

Соседите Вардар и Работнички по 95-ти пат ги одмерија силите во скопското дерби чии почетоци се во 1951 година. „Црвено-црните“ со голот на Дарко Глишиќ во 56. минута успеаја по вторпат сезонава со идентични 1:0 да ги совладаат „Романтичарите“ и освоија огромни три бода во борбата за опстанок. Интересно, Глишиќ погоди директно од корнер откако нафрлаше на прва статива.

Во меѓусебните дуели во сите официјални натпреварувања Вардар сега има 38 победи, Работнички остана на 33, а 24 пати играле нерешено. Прв пат овие два локални ривали се сретнале далечната 1951 година во Втората југословенска лига кога Работнички на двата натпревара славел со идентични 2:1, а вкупно 6 пати играле во таа конкуренција. Имаат одиграно и 6 натпревари во Купот на Маршал Тито, 2 во Првата ју-лига, 2 во Четвртата зона на Југославија, 1 Суперкуп на Македонија, 4 во Купот на Македонија, а најмногу - дури 70 - во 1.МФЛ.

Крајно интересна е ситуацијата на врвот каде три тима се на бод-два разлика. Откако денеска Шкупи и Шкендија заглавија во Штип и во Турново играјќи без голови против Брегалница и Брера, Струга со победа над Македонија ЃП го презеде челното место.

Тиквеш оствари важна победа над Силекс, а Гостивар се спаси од пораз на гостувањето во Охрид кај Воска Спорт откако помладиот брат на Елиф Елмас постигна израмнувачки гол при крајот на натпреварот.

Резултати 22. коло:

Вардар - Работнички 1:0
56' Дарко Глишиќ

Брегалница - Шкупи 0:0

Брера Струмица - Шкендија 0:0

Струга - Македонија ЃП 2:1
13' Буњамин Шабани, 21' Марјан Радески - 49' Алтин Алији

Тиквеш - Силекс 1:0
20' Роберчињу

Воска Спорт - Гостивар
24' Фатјон Јусуфи - 83' Мухамед Елмас

Табела:

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе