Ракомет

Вардар доби нов противник во СЕХА лигата, првпат руски клуб

14. август 2019 - 11:56 | Ф.З.

Московски Спартак влегува на местото на унгарската Татабања со одлука на Извршниот комитет на СЕХА лигата.

Групата А од новата сезона во СЕХА лигата претрпе промена. На местото на унгарскиот претставник Татабања ќе игра руски Спартак. Токму нашиот Вардар се наоѓа во таа група заедно со Војводина, Татран, Нексе и Мотор.

СЕХА и Татабања имаа недоразбирања околу натпреварувањето кои не успеаја да ги надминат, а Спартак веќе некое време покажуваше интерес да се приклучи.

Лигата сега се прошири и во Русија откако претходно беше додаден и кинескиот клуб Бејџинг кој ќе игра во Б групата заедно со Загреб, Металопластика, Шабац, Мешков, Веспрем и нашиот Еурофарм.