Фудбал

Вацке му фаќаше сеир на Обамејанг, па доби „шлаканица“

3. октомври 2019 - 19:45 | Ф.З.

На изјавата дека Обамејанг е тажен бидејќи гледа Лига на шампиони на телевизија играчот врати со „кловну еден“.

Извршниот директор на Борусија од Дортмунд, Ханс-Јоахим Вацке пред некој ден го исмеваше Пјер-Емерик Обамејанг дека со Арсенал не игра во Лигата на шампионите, натпреварување во кое игра неговиот поранешен клуб Борусија.

„Тешко е да задржите играч пред кого е огромна сума на пари. Си заминуваат поради парите, а потоа со години не играат во Лигата на шампиони. Обамејанг игра одлично за Арсенал, а веројатно е и среќен кога ќе си ја види сметката. Но, секоја среда е тажен бидејќи мора да гледа Лига на шампиони на телевизија“, изјави Вацке за Süddeutsche Zeitung.

На таа изјава дури денеска возврати Обамејанг и тоа на својот Twitter профил вевејќи: „Подобро е за тебе да не зборувам за причините поради кои го напуштив Дортмунд г-дине Вацке, ти кловну ниеден. Се сеќавам кога рече дека никогаш нема да го продадеме Усман Дембеле, а потоа виде повеќе од 100 милиони и беше првиот кој ги грабна парите, така да те молам не зборувај за пари!!! Те молам оставиме на мира“.

Габонецот 4 и пол сезони играше за Борусија кога во јануари 2018 за 63,75 милиони евра го засили Арсенал и оттогаш сонува за настап во Лигата на шампиони.