В петок по третпат Музички блок во МКЦ

На 3 ноември (петок) во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи третото издание на фестивалот Музички блок.

Станува збор за настан од мрежата LiveEurope, првата паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LiveEurope е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.

Билетите по багателна цена од 300 ценари можат да се набават на билетарницата во МКЦ, но и онлајн на www.bileti.mkc.mk. Фестивалот почнува од 20 часот.

Ќе настапат 6 различни бендови од кои дури 5 странски.

„LELEE“ (Словенија) - јадрански инди рок бенд.

Remote video URL

„proto tip“ (Србија) - нојз рок/пост панк телеграма од Белград.

Remote video URL

„Idem“ (Хрватска) - кантавтор, мултинструменталист, букер, менаџер, фестивалски организатор, дискограф: сѐ на сѐ, „добриот дух“ на актуелната загрепска сцена.

Remote video URL

„CLOUDSURFERS“ (Холандија) – мутаген од гаражен панк, пост гранџ и психоделичен рокенрол.

Remote video URL

„Xarakiri“ (Македонија) – лудо алтернативно дуо-трио, основано 2022 во Скопје.

Remote video URL

„The Silence Inside“ (Бугарија) – електронска музика од Софија.

Remote video URL

Програмата е дел од Скопје 2028: Европска престолнина на културата.

За сите информации, евентуални промени и распоред на бендови следете го настанот на Facebook.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе