Маркус Турам одигра само едно полувреме во вториникот во победата на Интер над Атлетико, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.
Турам се повреди во финишот на првото полувреме, а подоцна неговата замена Марко Арнаутовиќ го постигна единствениот гол на натпреварот.
Медицинските прегледи покажаа дека Тирам ќе мора да паузира најмалку 20 дена. Тоа значи дека нема да игра против Лече и Аталанта во Серија А, додека под знак прашалник е и неговиот настап на 13 март за кога е закажан реваншот со Атлетико во Мадрид.
Турам игра одлична прва сезона во Интер. На 34 натпревари во сите натпреварувања постигна 12 гола и забележа дури 11 асистенции.