Живот
РАБОТИ КОИ ОДАТ ЗАЕДНО ВО ТРОЈКА

Тројното дејство на Септолете Тотал во потрага по работи кои создаваат совршена тројна целина

26. март 2019 - 13:02 |

Што е повкусно од чоколаден сладолед? Сладолед од ванила, јагода и чоколадо!

Сигурно веќе ја добивате правата асоцијација, а тоа е дека се работи за познатиот Наполитански сладолед сочинет од три посебни слоја формирајќи го ова виножито од вкусови. Топлите денови се на прагот и првата асоцијација која ни дојде кога се запрашавме кои работи прават совршена целина во тројка беше овој сладолед. Слично како Септолете Тотал и неговото неприкосновено тројно дејство, така и овој сладолед има своја магија во мешавината на најдобрите три вкуса: јагода ванила и чоколадо.

Отидовме малку подалеку и се запрашавме како воопшто е настанат овој познат рецепт?

Можеби историјата на сладоледите ги има заборавено легендите за нивното создавање, но една од нив со сигурност ја знаеме и потекнува од југот на Италија, од градот Неапол.

Приказната започнува во периодот на ренесансната Европа кога трговските размени со далечната Азија се случувале низ Италија како главна трговска рута меѓу овие две земји. Па така, италијанските готвачи биле првите кои го забележале потенцијалот на сладоледот. Низ вековите и со промената на модата и технологијата, италијаните биле вистински иноватори во креирање на нови начини за производство, како и нови технолошки пронајдоци во областа на ладење и правење на вкусни и волшебни рецепти за сладолед.

Откако сладоледот ги освоил Италија и Европа помеѓу 15-тиот и 18-тиот век, модните промени од 19-тиот век им донеле на италијанските производители на сладолед нови предизвици и тешка задача – реоткривање на убавината на сладоледот и создавање на потполно нов рецепт. Нивното решение било едноставно – тие создале сладолед кој ќе комбинира повеќе вкусови во еден единствен сладолед, лесен за производство и транспорт. Нивниот пронајдок бил токму наполитанскиот сладолед, кој се здобил со големо внимание и популарност откако бил пуштен во јавноста во почетокот на 19-тиот век.

Сега откако ја знаете и историјата на ова рајско задоволство поканете ги вашите пријатели на слатко разладување на вашите грло и раскажете им ја оваа кратка приказна за создавањето на наполитанскиот сладолед.

*Промотивен текст