Хроника

Тројца малолетници повредени во тепачка во автобус

12. септември 2019 - 15:47 | МИА

Скопје, 12 септември 2019 (МИА) – Тројца малолетници денеска се повредени во тепачка што се случила во автобус број 56.

Едно од повредените момчиња на возраст од 16 години се здобило со повреди од остар предмет и е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а другите две момчиња се здобиле со повреди и се пренесени во Градската општа болница „8 септември“.

МВР потврди дека имало нарушување на јавниот ред и мир, а случајот е пријавен околу 13:30 часот.

Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на терен и вршат увид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.