Хроника

Тројца малолетници извршиле полови дејствија врз дете

9. октомври 2019 - 10:11 |

Мајка од Скопје вчера пријавила дека нејзиниот малолетен син бил изложен на полови дејствија од тројца малолетници во текот на август.

Според билтенот на МВР,  вчера во 09:00 часот во Полициската станица Бит Пазар, 45-годишна жена од Скопје  пријавила дека во август 2019 година тројца малолетници извршиле полови дејствија врз нејзиниот малолетен син.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.