НБА 2022/2023

Трипл-даблот на Кари недоволен за избегнување нов пораз

Можеби Голден Стејт Вориорс се актуелни шампиони и ги имаат најдобрите играчи, но се мачат на почетокот од новата сезона. Ноќеска Мајами Хит им го нанесе третиот последователен пораз.

Стеф Кари се обиде да го предводи тимот до победа на гостувањето во „ФиТиЕкс“ арената во Мајами и за таа цел успеа да направи трипл-дабл учинок со 23 пооени, 13 скокови и исто толку асистенции. Меѓутоа, катастрофалната последна четвртина го одлучи победникот откако домаќинот ја доби со 15 поени разлика (30:15) и славеше со 116:109.

Remote video URL

Кари имаше очигледно недоволна поддршка во Канаѓанецот Ендрју Вигинс и Клеј Томпсон кои уфрлија по 21 односно 19 поени, додека ниту еден друг нивен соиграч не ја надмина границата од 10 поени.

URL

Во редовите на Мајами Хит најефикасен (и на натпреварот) беше Макс Струс со 24 поени, еден помалку уфрли Џими Батлер, 19 имаше Бем Адебајо, 17 Данкан Робинзон, а 13 Кајл Лори.

Remote video URL

Со 3 последователни порази, а вкупно 5 сезонава, Голден Стејт е во долниот дел од Западната конференција (12-то место). Ниту Мајами не е нешто подобар бидејќи има исто скор од 3-5, а е 11-ти на Истокот.

Резултати:

Бруклин Нетс - Чикаго Булс 99:108
Мајами Хит - Голден Стејт Вориорс 116:109
Оклахома Сити Тандер - Орландо Меџик 116:108
Феникс Санс - Минесота Тимбервулвс 116:107

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Кошарка

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Read more

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more
 

Спорт

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе