Стил

Три козметички производи за кои не треба да трошите пари

9. октомври 2019 - 12:25 | М.С.

Козметичката индустрија знае како да ги залаже купувачите со нови производи.

Некои од нив навистина нудат решенија за нега на кожата, други се потполно бескорисни. 

Постојат три производи за кои залудно ќе потрошите пари.

Антицелулитна крема

Секоја жена посакува крема која може да го „избрише“ целулитот од телото, но тоа сè уште е невозможно. Ваквите производите ја хидрираат кожата, а во борбата против целулитот помагаат тренингот и правилната исхрана.

Вода во спреј

Не трошете пари за нешто кое може да го направите сами- и тоа бесплатно. Вода во спреј е иста како онаа од чешма, а сигурно дома имате останато шише од потрошениот спреј.

Резултатот е ист, затоа што овој производ нуди краткотрајно освежување.

Лосиони наменети за некој дел од телото

Лосион за тело е сè што ви е потребно. Станува збор за истиот производ во различно пакување. Обичниот лосион подеднакво добро ќе ги хидрира вашите стапала.