Третото книжевно гостување „Добри гости“ викендов во Демир Хисар и Слоештица

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје на 22 и 23 јули во Демир Хисар ќе го реализира и третото издание на проектот „Добри гости“ преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Настанот е во рамки на проектот „Демир Хисар низ боите и звуците на уметноста III“ во организација на Центарот за креативни индустрии – „НЕБО“ од село Суводол, а „Култура бета“ ќе биде медиумски партнер на проектот.

„Добри гости III“ ќе започне на 22 јули во 20 часот во кафе-бар „Конект“ во Демир Хисар на кој ќе настапат дваесетина поети.

Следниот ден, на 23 јули, од 18:00 ч. дел од поетите ќе читаат и во „АРТ ПОИНТ ‒ ГУМНО“, во Слоештица. За време на овој настан академскиот сликар Сергеј Андреевски ќе изведе сликарски перформанс врз основа на прочитаните стихови.

На третото издание на „Добри гости“ ќе учествуват Владимир Мартиновски, Биљана Солунчевска, Марија Велинова, Андреј Ал-Асади, Ѓоко Здравески, Игор Станојоски, Фросина Пармаковска, Перица Сарџоски, Марија Ангеловска, Диме Данов, Антонио Павловски, Зоран Котевски, Кире Огненовски, Стојанче Колевски, Андреј Медиќ Лазаревски и Јулијана Величковска. Дел од нив ќе се претстават со поетско-музички перформанс.

„Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично. Овие гостувања се планира да се одржат во повеќе градови, по што иницијативата ќе заврши кон крајот на 2023 г. со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе