Трчање или пешачење, како полесно ќе изгубите килограми?

Б.С.Б.
/ 08.06.2022 / 12:45

Многумина кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми се пред дилема кој е најефикасниот начин за слабеење, трчање или пешачење.

И двете активности се делотворни ако сакате да ослабите. Трчањето секако ќе ви помогне ако сакате да постигнете резултати во пократок временски период. Ќе потрошите повеќе калории за помалку време, но пешачењето е подобар избор за многу луѓе.

Трчањето е напорно и не му годи секому, а доколку имате здравствени проблеми како болки во грбот или зглобовите, одењето е вистинската опција за вас. Ќе ви треба малку повеќе време, но ќе постигнете идентични резултати, а тренинзите нема да бидат напорни.

И двете методи го подобруваат кардиоваскуларното здравје, го намалуваат холестеролот, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат ризикот од заболување од дијабетес и придонесуваат за намалување на телесната тежина.

Одењето ќе ве опушти и ќе ви донесе внатрешен мир, а трчањето нуди некој вид еуфорија поради предизвикот со кој телото се соочува. Ако сакате да согорите масти, тоа ќе го постигнете ако секој ден шетате околу еден час, а со трчањето истите резултати ќе ги постигнете за 20 или 30 минути.

Ако се определите за трчање, пред тоа консултирајте се со доктор, купете удобни патики, направете план и почнете да го спроведувате. Подобро е да трчате на отворено отколку на лента за трчање.

Одењето во комбинација со промени во исхраната ќе донесе неверојатни резултати, но мора да бидете доследни и трпеливи.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе